ЕУ ќе започне правна постапка против Германија

Европската комисија се очекува денеска да започне прекршочна постапка против Германија, откако највисокиот суд во земјата беше укорен за една пресуда за која се смета дека ја доведува во прашање супериорноста на највисокиот суд на ЕУ. Пресудата на германскиот Уставен суд во 2020 година предизвика загриженост за неговата компатибилност со законите на Европската унија, изјави извор од Европската комисија за Ројтерс. „Пресудата претставува опасен приоритет за правото на ЕУ, како во однос на практиката на германскиот уставен суд, така и во однос на највисоките и уставните судови на другите земји-членки“, рече изворот.

Германија ја повика ЕУ да го укине правото на вето на членките на Унијата

Во мај 2020 година, Уставниот суд на Германија донесе одлука дека Европската централна банка го пречекорила својот мандат со набавки на обврзници. Сепак, највисокиот суд на ЕУ претходно веќе даде зелено светло за шемата на ЕЦБ. Европскиот суд ги опомена германските судии за нивната пресуда, тврдејќи дека само тој има право да одлучи дали органите на ЕУ ги кршат правилата на блокот.