Нови 23 случаи на ковид-19, четворица починати

Илустрација

Во изминатото деноноќие се регистрирани 23 нови случаи на коронавирус во Македонија, е четворица луѓе починале, информира Министерството за здравство. Биле направени 2.853 тестирања. Регистрирани се 32 оздравени пациенти.

Од вкупниот број новорегистрирани заболени, во Скопје има 9, Куманово и Прилеп по 3, Струмица и Кичево по 2, и Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш по еден нов случај.

Од четворицата починати, тројца се од Скопје (76г, 76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г).

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.