Двајца застрелани на грчкиот остров Крф

Грчкиот остров Крф

Две лица се убиени во близина на хотел на грчкиот остров Крф, јавува агенцијата Франс Прес повикувајќи се на полициски извори, според кои пукањето се случило денеска во 11.30 часот по локално време. Инцидентот се случил во местото Дасиа, а полицијата се уште трага по напаѓачот. Државната телевизија ЕРТ претходно јави дека локален жител пукал кон француска двојка која живеела на островот, а дека најверојатно се работи за лични несогласувања.