Спасовски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека безбедносната состојба во земјава е стабилна. Тој денеска ја посети општина Маврово – Ростуше каде што беше пуштен во употреба реновираниот објект на полициската станица во Ростуше.

,,Состојбата во земјава е стабилна без некои обиди за нарушување на стабилноста. Примарна задача на министерството е борбата против корупцијата и криминалот , тероризмот, трговијата со луѓе и сајбер криминалот“ рече Спасовски и додаде дека соработката на полицијата со локалните власти и населението е многу значајна.

Две банди владеат со скопското подземје

Министерот Спасовски исто така потенцираше дека резултатите од активностите на МВР во текот на минатата година и на почетокот на оваа година се подобрени во сите сфери. Во сферата на безбедноста во сообраќајот намален е бројот на сообраќајките и бројот на жртвите во него, а намалени се и проблемите поврзани со јавниот ред и мир. Во последните четири месеци уапсени се над 400 лица кои биле замешани во незаконски активности во областа на тероризмот, криминалот , корупцијата и трговијата со луѓе.