В петок во Белград започнува производството на Спутник Ве

Српскиот претседател Александар Вучиќ држи шишенце со руската вкаицна Спутник Ве за време на посетата на институтот Торлак.

Во петок на 4 јуни во Белград започнува производството на руските вакцини „Спутник Ве“. Вакцините против коронавирус ќе се произведуваат нa Институтот „Торлак“ во Белград.

„Србија е прва земја во Европа која ќе произведува вакцини „Спутник Ве“ и за таа цел ќе има свечена церемонија на која ќе учествуваат високи државни функционери од Србија и Русија, најави на својот Твитер профил министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Претходно рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и го одобри производството на „Спутник Ве“.