Бајден на 100-годишнината од масакрот во Тулса

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден го одбележа масакрот во 1921 година, насочен кон просперитетна афро-американска заедница во Тулса, Оклахома, велејќи дека САД мора да запомнат и да научат од една од најлошите епизоди на расни немири во историјата на САД во 20 век. „Ова не беше бунт, ова беше масакр“, рече Бајден пред присутните во населбата Гринвуд во Тулса, опишувајќи го расното насилство „како едно од најлошите во американската историја - но не и единственото“.

Во престрелка во САД убиени шест лица

Во 1921 година, на 31 мај и 1 јуни, Тулса беше зафатена од расни немири и убиства. Во 2001 година, државната комисија во Оклахома официјално утврди 36 мртви, 26 афро-американци и 10 белци. Но, некои историчари сметаат дека бројот на мртви достигнува 300 луѓе, повеќето афро-американци. Скоро 10.000 луѓе останаа без покрив над главата а безброј бизниси беа уништени, ставајќи крај на афро-американскиот економски и културен центар. Бајден во Тулса најави нови иницијативи кои, според неговата администрација, ќе одговорат на расните разлики во богатството и сопственоста.