Досега вакцинирани нас 234 илјади граѓани

Вакцинирање против ковид-19 во Македонија

Вакцинирани се вкупно 234.508 граѓани во земјава, заклучно со податоците со сабота, соопшти Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во сабота прва доза вакцина примиле 597 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.792 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, а ревакцинирани се 81.273 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 431.770 граѓани, соопштуваат од Министерството.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура, лица со ретки болести и хронично болни.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.