Нови 50 заразени со ковид-19, 18 луѓе починале како последица на вирусот

Вакцинација против ковид-19 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје

Во последните 24 часа регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19 од направени 2.955 тестирања, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 27 нови случаи, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2, Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.

Регистриран е 81 оздравен пациент.

Пријавени се вкупно 18 починати лица на возраст од 55 до 88 години. Пријавени се 8 лица од Скопје (63г,67г,69г,72г,72г,77г,80г,88г), 3 лица од Тетово (75г,76г,78г), 2 лица од Битола (84г,88г) и по едно лица од Прилеп (68г) Кавадарци (79г), Кочани (74г), Радовиш (80г) и Дебар (55г). Од пријавените, 7 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани луѓе во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449.