Германија посветена на поскоро решавање на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија

Македонскиот вицепремиер Никола Димитров и германскиот министер за Европа, Мајкл Рот, на средба во Брисел (22 септември 2020)

Германија, заедно со другите земји партнери во ЕУ, е силно посветена на што поскоро решавање на сите постојни недоразбирања меѓу Северна Македонија и Бугарија за да се постигне поставената цел. Ова го изјави денеска германскиот министер за Европа Михаил Рот кој е во посета на Тирана.

Тој по средбата со министерката за надворешни работи Олта Џачка ја повтори позицијата на Германија за поддршка на одржувањето на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија во рамките на португалското претседателство со ЕУ.

Министерката Џачка ја оцени посетата на Рот, како уште еден јасен сигнал за посветеноста на Берлин за поддршка на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Според неа Албанија ги завршила домашните задачи.

Германскиот министер Рот вчера се сретна со премиерот Еди Рама, а денеска ќе се сретне и со лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша. Тој пред две дена беше и во посета на Скопје, каде што порача дека С. Македонија постигнала голем напредок, решила голем историски спор со промена на името и легитимно е да очекува ЕУ да ги исполни ветувањата.