Силно невреме во малешевскиот регион

Илустрација

Силно невреме денеска го зафати малешевскиот регион. Силниот дожд предизвика голема штета на повеќе локации во Пијанечко-малешевскиот регион. Според досегашните извештаи на локалните медиуми во Берово градскиот пазар е целосно е под вода, додека во Делчево е опожарен помошен објект од куќа.

Во пожарот интервениравме со три возила и осум пожарникари. Не дозволивме да ја зафати куќата во близина, ниту останатите околни куќи, вели Миле Тодоровски од ТППЕ Делчево, јавува новинската агенција МИА.

Претходно невремето кое го зафати Малешевскиот регион предизивика штета и на повеќе овоштарници во пехчевскиот крај.