Летонија го замени официјалното белоруско знаме со опозициското на Светското првенство во хокеј

Замената се случила вчера на турнирот на кој учествуваат 16 земји

Светската хокејарска федерација ги критикува летонските официјални претставници зашто го отстраниле белоруското знаме од Светското првенство кое се одржува во Рига и го замениле со знамето кое го користеше опозицијата на неодамнешните антивладини протести.

Замената се случила вчера на турнирот на кој учествуваат 16 земји, а Минск требаше да биде ко-домаќин. Белоруското црвено-зелено знаме, било заменето со црвено-белото кое го користи опозицијата.

Потегот на Летонија доаѓа во време на жестока меѓународна реакција против Минск, откако белоруски воени авиони принудија патнички авион да слета во Минск што им овозможи на властите да уапсат новинар кој бил во леталото. Меѓународната хокеарска федерација (МХФ) денеска го повика градоначалникот на Рига „итно да ги симне“ знамињата на МХФ на настанот во знак на протест против политичкиот чин.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Белорусија: Големи казни и за најмал отпор


Во соопштението се наведува дека МХФ е „неполитичка спортска организација“ и дека белоруската хокејарска репрезентација е одделна од постапките на владата на Лукашенко.

„Играчите во Летонија се пречекани како гости и не треба да гледаат како нивното знаме е отстрането без нивна согласност од јавното изложување на знамињата на 16-те учеснички“, соопшти МХФ.

Како одговор на тоа, градоначалникот на Рига Мартинс Стакис рече дека ќе го симне знамето на МХФ. „Сите мора да одберат страна, народот жеден за слобода или крвавиот диктатор“, напиша тој на Твитер.

Летонскиот претседател Егилс Левитс оцени дека менувањето на знамињата е „соодветна политичка реакција и сигнал дека Летонија не го признава владејачкиот режим во Белорусија“. Во јануари, МХФ ѝ го одзеде на Белорусија правото да биде ко-домаќин на Светското првенство во 2021 година, откако спонзорите се заканија дека ќе се повлечат поради задушувањето на опозициските протести по спорните претседателски избори од минатата година.