Бројката на новозаразени со починати од ковид речиси изедначена

Ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19 од направени 1.489 тестирања, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 10 нови случи, а во Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод по 1.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).
Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.