Убиен пакистаски војник во напад на авганистански милитанти

Архива - пакистански војници на границата со Авганистан.

Пакистански војник е убиен во прекуграничен напад од страна на авганистански милитанти во северозападен Пакистан, соопшти денеска пакистанската војска.

Нападот спроведен доцна на 22 мај, бил насочен кон воен пункт во областа Северен Вазиристан во покраината Кибер Пахтунхва, се вели во армиското соопштение.

Во соопштението се вели дека војниците возвратиле на огнот и дека бил убиен млад војник. Никој веднаш не презеде одговорност за нападот, а војската не соопшти повеќе детали.

Во соопштението се вели дека Пакистан постојано бара од Авганистан да ја контролира и да управува со својата страна на границата.

Заменик-портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Фавад Аман изјави дека нема „центар на тероризам во Авганистан“ и дека скоро сите милитантни групи кои се борат во Авганистан имаат бази во Пакистан.