Нови 37 позитивни на коронавирус, 15 починати

Клиника за инфективни болести, Скопје.

Здравствените власти денеска соопштија дека се регистрирани 37 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.143 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 155.063. Починати се 15 пациенти, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 5.311 лица.

Во моментов во земјава има 2.883 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 20.

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 776.674 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 146.869 лица од почетокот на епидемијата.