Во авионска несреќа загина нигериски воен командант

Архива - Местото на падoт на авионот на нигериските воздухопловни сили додека се приближуваше до пистата на аеродромот Абуџа, Нигерија, на 21 февруари 2021 година.

Нигерискиот воен командант генерал-потполковник Ибрахим Атахиру загина при пад на воен авион за време на официјална посета на северниот регион Кадуни, каде се појавија безбедносни проблеми во последните месеци, објавија тамошните власти, пренесува Ројтерс.

Нигериската војска објави дека авионот паднал во близина на аеродромот Кадуна и дека ги истражува причините за падот.

Властите објавија дека на 21 мај загинал воениот командант Атахир, како и други воени офицери.

Претседателот Мухамаду Бухари изјави дека несреќата е „смртоносен удар во време кога безбедносните сили се подготвени да стават крај на безбедносните предизвици со кои се соочува земјата.“

Несреќата се случи три месеци откако се урна мал нигериски авион недалеку од аеродромот Абуџа, при што загинаа седум лица.

Нигерија која е една од најнаселените земји во Африка, и во минатото имаше лоши резултати кога станува збор за безбедност на леталото, но напорите за подобрување се видливи.

Претседателот Бухари во јануари го назначи Атахиру и другите воени команданти по повеќегодишни критики за ширење насилство од страна на исламистичките бунтовници и вооружените банди.

Боко Харам и Исламската држава на Западна Африка водат децениски бунт во кој се проценува дека се раселени околу два милиони луѓе, а убиени повеќе од 30.000.