Вучиќ на годишнината од независноста на Црна Гора - Би сакал одлуката да беше поинаква

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод 15-годишнината од независноста на Црна Гора рече дека одлуката за независност е право на Црногорците, но оти би сакал одлуката да била поинаква.

„Никогаш нема да се откажеме од поддршката за нашиот народ во Црна Гора, почитувајќи ја независноста на таа земја. Кога ќе ја споредите позицијата на Албанците во Црна Гора со позицијата на Србите, сè ќе ви биде јасно“, изјави Вучиќ за време на неговата посета на Прибој.

Тој додаде дека Црногорците „не мораат да измислуваат непријатели таму каде што не постојат“, и ѝ порача на Подгорица „да се однесува поинаку кон српскиот народ“.

„Ние сме заинтересирани да имаме најблиски односи, но и да пружиме поддршка за нашиот народ. Ние не правиме ништо против Уставот на Црна Гора“, рече тој.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во денешниот авторски текст во подгоричкиот портал ЦдМ оцени дека Црна Гора мора решително и стратешки да се спротивстави на „големодржавната и клеро-националистичката агресија на нашето негирање“ и дека верува дека Денот на независноста пред 15 години бил најдобриот почеток на модерна граѓанска Црна Гора.