Клиника во Киргистан морала да фрли скоро 1000 дози од вакцината против коронавирус Спутник Ве, откако некој го исклучил фридижерот во кој се чувале за да си го наполни мобилниот телефон, соопштија властите.
Вакцините бил дел од контингентот од 20 илјади дози кои Русија ги испорачала како хуманитарна помош за сиромашната централноазиска држава.
Вакцинацијата во Киргистан почна во март, а руските вакцини се попопуларни од кинескиот Синофарм.
Инцидентот се случил во април во државната клиника во Бишкек, но беше обелоденет дури сега.
Според министерот за здравство Алимкадир Беченаљев, за таа грешка би може да биде одговорен некој од вработените за одржување.
„Ако некој од вработените е крив, чистачката или некој друг, клиниката ќе мора да одговара парично“, рече тој.
Министерот за април излезе на телевизија за да промовира корен од растение, за кое е познато дека е многу отровно за луѓето, како чудотворен лек против ковид-19, во ек на бранот на пандемијата. Тој пред новинарите испи неколку голтки од лекот кој содржи екстракти од корен на аконит, планинско растение кои содржи токсини, но се користи во традиционалната медицина.
Во Киргистан е третиот бран на пандемијата. Властите соопштија дека има повеќе од 100 илјади заразени и 1735 починати во земјата со 6,5 милиони жители.
Според властите, над 50 илјади луѓе досега примиле барем една доза од вакцините против коронавирус.