Автобуска несреќа во Пакистан, најмалку 14 загинати

Илустрација - Автобус во Пакистан

Најмалку 14 луѓе загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа во пакистан. Патничкиот автобус се превртел денеска во јужен Пакистан, соопштија тамошните власти.

Автобусот патувал од јужниот град Карачи кон Пешавар, но се превртел во градот Сукур, соопшти полицијата. Според полициски извори несреќата најверојатно се случила поради небрежност на возачот, кој е меѓу повредените.

Сообраќајните несреќи се чести во Пакистан, а како причини се наведуваат лошата патна инфраструктура, неодржуваните возила и непочитувањето на сообраќајните закони.