Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19

Илустрација

Во изминатово деноноќие се хоспитализирани нови15 пациенти заразени со ковид-19. На инфективното одделение во Скопје и другите градови се лекуваат вкупно 422 пациенти. Од министерството за здравство велат дека засега има празни 470 кревети за пациенти заболени од ковид – 19.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, наведуваат во соопштението од министерството за здравство.