Над 1,5 милијарди луѓе во светот примиле вакцина против ковид-19

Илустрација

Најмалку 1,5 милијарди дози вакцини против ковид-19 примиле луѓе низ целиот свет, покажува пресметката на новинската агенција АФП. Околу три петтини од вкупниот број на вакцинирани се во само три земји, Кина со 421,9 милиони, потоа САД со 274,4 милиони вакцинирани и Индија со 184,4 милиони вакцинирани граѓани.

Израел пак, е прва на листата со 60 проценти од населението кои примиле две дози од вакцината против ковид-19. Веднаш зад Израел е Велика Британија со вакцинирано 54 проценти од населението со најмалку една доза, па САД со 48 проценти.

Според официјалната статистика 32 проценти од населението во Европската Унија примило барем една доза од вакцината против коронавирусот.

Од друга страна, Индија која во моментов е една од најтешко погодените земји во светот од пандемијата денеска воспостави нов рекорд на починати. За последните 24 часа се евидентирани 4529 жртви од ковид-19 со што вкупниот биланс на починати од почетокот на пандемијата изнесува 283 248 починати од компликации. Бројот на ново заразени на дневна основа падна под 300 илјади евидентирани случаи.