Преполовен бројот на заболени од ковид-19 во однос на минатата недела

Вакцинирање против ковид-19 во Македонија

Последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје покажува намалување на бројот на новозаболени со ковид-19 за 48,3 проценти во однос на минатата недела. Бројот на починати пациенти од компликации од ковид -19 е намален за 38,1 проценти.

Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, седум лица на возраст од 50-59 години, едно лице на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

Во периодот од 10 до 16 мај 2021, тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3 проценти во однос на минатата недела. За една недела се регистрирани 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата.

Од 17 февруари 2021кога стартуваше вакцинацијата против ковид-19 заклучно со 16 мај годинава вакцинирани се 207 219 луѓе со барем една доза. До сега аплицирани се 28.594 дози на Pfizer/Biontech (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на Sputnik V (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на AstraZeneca и 108.740 дози Sinopharm.