Ѓукановиќ: Западен Балкан е подалеку од ЕУ отколку во 2014 година

Мило Ѓукановиќ

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ синоќа во Брисел изјави дека земјите од Западен Балкан сега се подалеку од ЕУ отколку во 2014 година.

„Ова е последен момент да ги направиме јасни нашите односи со ЕУ. Мора да знаеме дали е навистина реална перспективата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија во догледно време и мора да дефинираме јасна временска рамка“, рече Ѓукановиќ по работната вечера со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во спротивно, рече тој, празниот простор на Западен Балкан ќе го искористат трети земји.