Нови 27 заразени со ковид, 19 починати

Тестирање за Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на Ковид19. Од нив во Скопје-19, Прилеп, Штип и Виница по двајца, Струга и Кочани по еден.

Пријавени се вкупно 19 починати лица, најмладиот на 46 години, а највозрасниот на 85 години. Од починатите четворица се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.Регистрирани се 192 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.