Лукашенко потпиша декрет за претседателските овластувања

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска потпиша указ со кој се овозможува пренесување на претседателските овластувања на Советот за национална безбедност, во случај да биде убиен или од која било друга причина да не е во можност да ги извршува претседателските должности.
Многу земји сметаат дека претседателството на Лукашенко е нелегитимно од неговиот контроверзен реизбор во август и бруталното задушување на протестите на опозицијата во Белорусија.

Минатиот месец, Лукашенко објави дека планира да ги промени сегашните механизми на владата, во рамките на кои се предвидува премиерот да ги преземе претседателските овластувања во случај претседателот да не биде во можност да ги извршува своите должности.

Поднесена тужба за тортура против Лукашенко

Со потпишаниот декрет власта ја презема Советот за национална безбедност, со кој ќе раководи премиерот. Советот за безбедност во Белорусија е составен од приврзаници на Лукашенко.

Белоруските безбедносни сили уапсија илјадници демонстранти на антивладините протести кои започнаа по спорните претседателски избори на кои Лукашенко тврди дека победил, а полициските тепања на демонстрантите се документирани. Лукашенко, кој управува со Белорусија од 1994 година, се спротивставува на меѓународните повици да се повлече. Европската Унија, за која смета дека е лажна, воведе санкции кон Белорусија како одговор на репресијата врз демонстрантите, опозицијата и медиумите.