МЗ: Вакцинирани над 97 илјади граѓани

Вакцинација против ковид-19 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје

Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани“, велат од Министерството за здравство.

Премиерот Заев прими вакцина од кинескиот Синофарм

Вакцинацијата во Скопје се одвива без проблеми

Оттаму известуваат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 97.004 граѓани.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата „vakcinacija.mk“ а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.