Во Индија нов корона рекорд и барања за строго затворање

Индија. Коронавирус.

Индија денеска забележа нов рекорд од 414.188 потврдени случаи на ковид 19 во изминатите 24 часа, поради што индискиот премиер Нарендра Моди се соочува со притисок да воведе блокада низ целата земја

Многу медицински експерти, опозициски лидери и некои од судиите на Врховниот суд сугерираат дека затворањето се чини дека е единствената опција поради беснеењето на вирусот во градовите каде што болниците се принудени да ги одвраќаат пациентите додека роднините се обидуваат да најдат кислород.

Крематориумите и погребните места се борат да се справат со мртвите.

Во Индија над 360 илјади новозаразени од корона


Вкупниот број на заразени од корона во Индија досега се искачи на повеќе од 21,4 милиони од почетокот на пандемијата со слаби надежи дека бројот ќе се намали. Министерството за здравство, исто така, објави дека има 3.915 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од корона вирус достигна 234.083 од почетокот на пандемијата.