Германија сака да вакцинира млади од 12-години до крајот на август

илустрација

Германија ќе може да понуди вакцинација против коронавирус за сите на возраст над 12 години до крајот на август, под услов Европската агенција за лекови (ЕМА) да даде зелено светло за имунизација на таа возрасна група. Министерот за здравство Јенс Шпан изјави дека германската влада и регионалните претставници се согласиле дека вакцинацијата за млади на возраст од 12 до 18 години може да биде понудена до крајот на август. Тој изрази надеж дека ЕМА ќе ја одобри употребата на вакцината Фалзер за таа возраст во јуни.

Канада ја одобри вакцината на Фајзер/БиоНТек и за деца од 12 до 15 години


На 5 мај, канадските власти одобрија употреба на вакцина Фајзер за деца постари од 12 години, а таквата одлука се очекува да биде донесена следната недела од САД, каде вакцината Фајзер веќе е одобрена за малолетници возраст од 16 години.