Времето денеска: умерено, повремено значително облачно

Ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура ќе биде од 13 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 24 степени.