Борисов го нарече Делчев голем бугарски револуционер и македонски војвода

Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов попладнево на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се огласи по повод 118 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев. Во објавата тој го нарече „големиот бугарски револуционер и македонски војвода“.

„ Денеска се одбележуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одриснко. Нека неговата жртва биде пример за нас …, час побрзо да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечен му спомен!“, напиша Борисов.

Револуционерот со години е тема за која решение не може да најде македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања која е формирана согласно Договорот за пријателство од 2017 година. На последните средби иако Гоце Делчев беше на дневен ред не се стигна до тоа прашање поради расправата за теми од средновековието. Најголемото несогласување за Делчев, според претходните јавни изјави на членовите на комисијата, беше тоа што бугарските членови тврдат дека тој е Бугарин, а македонските дека комисијата не треба да ја утврдува неговата национална припадност туку прашањето да се реши со мултиперспективност