Министерот за економија Бектеши во посета на Брисел

министерот за економија Крешник Бектеши

Во рамките на посетата министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари работни средби со потпретседателот на Европската комисија, Владис Домбровскис, со комесарот за економија Паоло Џентилони, како и со Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и со амбасадорите на земјите членки на оваа Асоцијација.

Раст од 3,6 отсто прогнозира Светска банка за македонската економија

Во текот на посетата, како што соопшти Министерството за економија, ќе се дискутира за реформите во областа на трговијата, проширување на Зелените коридори и Зелените ленти на премините со ЕУ, Економски и инвестициски план за Западен Балкан, како и за претседателството на Македонија со ЦЕФТА оваа година.