Нови 25 починати од корона вирус, 62 новозаразени

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во последните 24 часа се направени 572 тестирања при што се регистрирани 62 нови случаи на ковид-19, пријавени се 25 починати, а 398 пациенти оздравеле, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Најмладиот починат пациент е на возраст од 36 години, а највозрасниот 86.

Како што информира МЗ, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени е 133.871, на починати 4.961, а на активни случаи изнесува 13.915