Во Индија над 360 илјади новозаразени од корона

Индија.Корона вирус.

Индија денеска регистрираше 368.147 нови случаи на заразени од корона вирус, со што вкупниот број е зголемен на околу 20 милиони соопштија властите.

Во меѓувреме пристигна и новата меѓународна помош во Индија за да се намали недостатокот на кислород и медицински материјали, а британската влада соопшти дека ќе испрати дополнителни 1.000 вентилатори во таа земја.

Во текот на изминатата недела, Индија забележа 2,6 милиони нови случаи и скоро 23 800 смртни случаи, со што вкупните жртви од вирусст се зголемија на околу 215 000 лица.

Владата на премиерот Нарендра Моди се спротивстави на наметнувањето национална блокада, но многу држави воведоа свои ограничувања.

Околу Јужна Азија, исто така станува загрижувачка состојбата. И Непал и Шри Ланка доживуваат експлозија на случаи, а слободните болнички кревети, кислородот и медицинските материјали се трошат. Во меѓувреме, Пакистан доживува и трет бран. Тамошните власти одлучија на 2 мај привремено да го ограничат влезот на границите со Авганистан и Иран од полноќ на 4 мај до 20 мај. Ограничувањата не влијаат на пакистанските граѓани што се враќаат дома од Авганистан и Иран.