Нови 214 случаи на коронавирус во Македонија

Илустрација: Тест за коронавирус

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 214 случаи на коронавирус во земјава и 36 починати. Министерството за здравство информира дека 14 луѓе починале во периодот од 1 до 17 април. Направени биле 2.276 тестови.

Најголем број нови случаи има во Скопје – 94, а потоа следуваат Куманово со 29, Тетово 19, Прилеп и Виница по 7, Охрид 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе по 5, Штип и Струмица по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци по 2, и Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по еден нов случаи.

Починатите се на возраст од 46 до 88 години.

Регистрирани се 305 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.