Вучиќ - Избори во март или април следната година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека следните избори ќе се одржат во март или април 2022 година, односно во законски предвидениот рок.

Во интервју за весникот Блиц, тој истакна дека не гледа потреба претседателските и парламентарните избори да бидат разделени и дека е подготвен да разговара за тоа, а шпекулациите за предвремено одржување на некои од изборите се „бесмислени“.

Зборувајќи за почетокот на дијалогот со претставниците на опозицијата, претседателот на Србија и на Српската напредна партија (СНС) кажа дека „не му паѓа на памет“ да исполнува нечии желби, туку да планира да стори нешто што е „фер и што е суштински демократски“.

Коментирајќи го „нон-пејперот“, неофицијалниот дипломатски документ кој наводно потекнува од земјите-членки на ЕУ за поделбата на Косово, Вучиќ нагласи дека и покрај некои контроверзни прашања, тој предлог е „подобар од планот на Ахтисари и од сè она што досега сме добиле“.