Некои земји на ЕУ ќе го пропуштат априлскиот рок за плановите за закрепнување

илустрација

Некои влади на Европската унија ќе го пропуштат крајниот рок 30 април да ги достават своите планови за закрепнување до Европската комисија, изјави нејзиниот потпретседател Валдис Домбровскис кој сепак додаде тие се уште веројатно ќе ги достават плановите во рок од неколку недели подоцна. Доцнењето во поднесувањето на некои од националните планови, кои кажуваат како секоја влада сака да го потроши својот дел од шемата на ЕУ за заеми од 750 милијарди евра, нема да ја одложи шемата како целина, рече Домбровскис.


ЕП го ратификува трговскиот договор за Брегзит

27-те национални планови се нацрти за трошење на грантови и заеми што секоја земја на ЕУ ќе ги добие од невиденото заедничко задолжување од страна на Европската комисија за да се обноват економиите погодени од пандемијата на ковид-19. За да ги добие парите, секоја земја треба да одвои 37% од средствата за намалување на емисиите на СО2 и 20% за да ја направи економијата подобро подготвена за дигиталното време преку инвестиции и реформи што ќе добијат дел од парите од ЕУ до 2026 година.