Во Србија најавени електронски потврди за вакцинирани граѓани

Човек прима втора доза на вакцина Pfizer-BioNTech во салата три на Саемот во Белград, 13 април 2021 година

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ објави дека од утре сите граѓани кои биле вакцинирани ќе добијат дигитален сертификат за ковид-19. „Благодарение на ИТ системот, ние сме во можност да имаат целосно електронски сертификати за ковид“, рече Брнабиќ, додавајќи дека Србија ги споделила своите сертификати со Светската здравствена организација, како и со некои други земји, наведувајќи дека верува оти тие земји ќе ги прифатат сертификатите. Таа рече дека во Србија, 25,6 проценти од граѓаните, односно 1.462,125 лица, ги примиле двете дози вакцини против коронавирусот.

Србија доставила уште 13 илјади вакцини „Спутник В“ во С.Македонија

Брнабиќ додаде дека се имунизирани 1.261.974 или 22 проценти, односно поминале две недели од приемот на втората доза на вакцината, или пет недели во случај на примање на вакцината на АстраЗенека. Таа изјави дека меѓу хоспитализираните низ Србија, од кои има нешто помалку од 5.000, 98 проценти не биле вакцинирани.