Шахпаска: Има пари за продолжување на породилното отсуство

илустрација

Деталите за предлогот за породилното отсуство сѐ уште не се разработени, а јавната дебата за тоа би била во јуни, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

„Сѐ уште нема детали до крај за новото решение што ќе се најде во новиот закон за работни односи, кој пак, според оптимистичко сценарио во драфт верзија би требал да биде готов во јуни. Анализата ја правиме, меѓутоа она што е ново во однос на породилното отсуство е периодот на мајчинство што ќе го користи мајката како задолжително нејзино право, понатаму предвидуваме родителство кое би го користеле и мајката и таткото и разговараме за можноста за татковство што ќе биде многу кратко како на пример период од десеттина дена,“ рече министерката за труд Јагода Шахпанска.

Според најавите породилното отсуство би траело 12 месеци. Министерството за труд нема анализа колку дополнителни средства од буџетот ќе бидат потребни за да може да се исплати највеното продолжено породилно отсуство за плус три месеци, но товарот нема да падне на Фондот за здравство, уверува министерката Шахпаска.

Мајките на породилно на протест поради враќањето на работа

„Финансиските импликации произлегуваат од средства кои што се предвидени во буџетот. Минстерството за труд и социјална политика овие средства ги трансферира до Фондот за здравствено осигурување, значи тоа се средства од централниот буџет, ја правиме финансиската импликација, работната група работи“, рече Шахпаска.