ССМ: Нема да дозволиме кризата да се насочи само кон работниците

Илустрација претседателот на ССМ Дарко Димовски и премиерот Зоран Заев

По денешната седница на Социјално економскиот совет Секретарот на Сојузот на синдикатите на Македонија Златко Цветковски истакна дека низ дијалогот укажале оти нема да дозволат кризата да се насочи само и единствено кон работниците и нивните смејства.

Бараме да се признае дека општеството зависи од трудот и работата на работниците, дека тие се рамноправен и значаен чинител на заедницата без кои не може да се обезеди нејзиниот опстанок и развој, рече Цветковски.

Оваа криза, нагласи Цветковски, само придонела да се забрза обезбедувањето на приоритетите на работниците во државата.

"Ние као синдикати бараме на работниците да им се гарантира пристојна работа и заработувачка, со место во општеството кое го заслужуваат со својот труд. Апелираме за потреба од солидарност и заедништво до сите чинители во општествтото за справување со здрваствената криза и последиците од неа", рече Цветковски.

Покрај она што досега Владата го дала како поддрша на работниците, нагласи тој, ССМ бара таа да продолжи да работи на целосно остварување на програмата.

ССМ бара Ковид-19 да се признае како професионално заболување

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска кажа дека зачувувањето на секое работно место и почитувањето на работничките права е приоритет на Владата, но и водилка во разговорите со економско-социалните партнери, затоа што, како што рече, сечиј труд е важен.

За остварување на овие цели, како што рече Шахпаска, освен финансиката поддршка изминатата година се работело и на системски решенија, а како што посочи едно од нив е новиот закон за работни односи.

" Прецизно ќе ги уредиме договорите на определено време, со што ќе обезбедиме сигурност за работниците, ќе уредиме после колку време и под кои услови тие треба да преминат во договори на неопределено време, ќе ја регулираме сезонската работа, особено правата на работниците во периодот кога не се сезонски ангажирани. Ќе обезбедиме модерно и ефикасно решение за породилното отсуство, во делот на мајчинството и родителството, во кое и таткото ќе има право за отсуство од работа. Породилното отсуство ќе биде подолго од сега предвидените девет месеци", рече Шахпаска.

Таа очекува ова решение наскоро да биде усогласено во работните групи и да биде дадено на јавна расправа.

Претседателот на Организацијата на работодавачите Ангел Димитров смета дека е потребно да се најдат соодветни механизми за заштита на правата на работниците.

"Ние, имаме голема заштита на работниците, дури и кривична одговорност за повреда, но само на хартија.Тоа не се решава само со зголемување на казните. Тоа мора да се решава и со одредена флексибилност во законот за работни односи", рече Димитров.