Кина го лансираше главниот модул во првата постојана вселенската станица

Кина го лансираше основниот модул во својата прва постојана вселенска станица.

Кина го лансираше основниот модул во својата прва постојана вселенска станица, која долгорочно ќе може да прима астронаути.

Модулот без екипаж ,Тианхе ила Небесна хармонија, во кој се наоѓа опрема за поддршка на животот и простор за живеење на тројца астронаути, беше лансиран денеска со носачка ракета лонг марч 5 Б од вселенскиот центар за лансирање Венчанг на јужниот остров Хаинан.

Со ова лансирање започнува првата од 11 мисии потребни за изградба и опремување на вселенската станица и испраќање на тричлен екипаж до крајот на следната година.

Единствената вселенска станица во моментов е Меѓународната вселенска станица, каде соработуваат Русија, САД, Канада, Европа и Јапонија. Кина е блокирана да учествува во неа.

Кина, ја зголеми својата вселенска програма во последните неколку години со посета на Месечината, лансирање на беспилотна сонда на Марс и сега изградба на своја вселенска станица.