Полициска акција во Арачиново, приведени 8 лица

Полиција. Илустрација.

Во полициската акција која се уште е во тек во Арачиново во врска со недозволена трговија со оружје и дрога досега се приведени 8 лица.

„По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот профил на Фејсбук.

Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата и наведуваат дека ова е една од низата полициски акции спроведени последниов период.