Бразил не дозволи увоз на „Спутник В“

Бразилските власти денеска одлучија да не увезуваат од руската вакцина Спутник В против ковид-19 затоа што регулаторното тело посочочува на „ одредени ризици“ и недостаток на информации за квалитетот на вакцината и нејзината ефикасност. Бразилскиот регулатор на лекови денеска донесе одулука со која не се одобрува за употреба руската вакцина за борба против смртносниот коронавирус.

„Ние нема да дозволиме милиони Бразилци да бидат изложени на производи кои немаат соодветна проверка на квалитет, безбедност и ефикасност“ изјави директорот на регулаторното тело Антонио Бара Торес.

Портпаролот на рускиот Кремљ на новинарско прашање, денеска одговори дека Москва е подготвена да ги испрати сите информации и податоци за вакцината во Бразил.

„ Разговорите ќе продолжат, доколку недостасуваат одредени податоци, тие ќе им бидат обезбедени“изјави тој пред новинарите.

Спутник В е одобрена за употреба во борбата против ковид -19 во неколку земји низ светот. Таа е развиена во рускиот институт „Гамалеја“ и неодамна го надмина првичниот меѓународниот скептиицизам откако резулататите од рецензиите објавени во медицинското списание „Лансет“ кои покажуваат дека таа е безбедна и ефективна од 91,6 проценти.

Добра наука, лош маркетинг? Погрешните чекори околу руската вакцина

Бразилската програма за вакцинација беше одложувана поради тешкотиите при набавка на вакцините, како и поради порастот на новозаразени со ковид-19 кои го туркаат бразилскиот здравствен систем на раб на колапс.
Во Бразил се регистрирани 14,4 милиони потврдено случаи на заразени со ковид 19 од почетокот на пандемијата, како и 400 илјади на смртни случаи, што ги става на второ место во светот по број на заразени.