Лидерот на Северен Кипар со предлогот за две држави

Лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар

Лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар изјави дека се надева оти неговиот предлог за решение на две држави за конфликтот на островот ќе донесе „нова визија“ на разговорите предводени од Обединетите нации оваа недела, и покрај неговото претходно одбивање од грчки Кипарци. Обединетите нации се домаќини на неформални разговори, почнувајќи од денеска, за Кипар, кој беше поделен помеѓу кипарските Грци на југот и кипарските Турци на северот во 1974 година. ОН на разговорите ги поканија двете заедници на островот и министрите за надворешни работи на трите земји-гаранти: Турција, Грција и Британија.

ЕК покрена постапка против Кипар и Малта за продажба на пасоши

Претходните разговори за повторно обединување под федерален чадор, како што се бараше во резолуциите на ОН, не успеаја. Северен Кипар оттогаш повика на решение за две држави, но кипарските Грци - кои ја формираат меѓународно признатата островска влада-членка на ЕУ - го отфрлаат ова, бидејќи тоа подразбира суверена власт на кипарските Турци. Тридневниот состанок во Женева вклучува неформални разговори за да се види дали може да се најдат заеднички теми за премин во формални преговори. Татар го отфрли барањето на ЕУ да присуствува како набљудувач, велејќи дека тоа не може да биде објективно поради членството на кипарските Грци во ЕУ.