Времето денеска: променливо облачно

Наутро ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Дневната температура ќе биде од 14 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 21 степен.