Над 80 загинати во пожар во ковид-болница во Багдад

Болницата во која избувнал пожарот.

Во пожарот кој зафати ковид-болница во Багдад загинаа 82 лица, а 110 се повредени, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи. Пожарот го зафатил одделот за интензивна нега во болницата во Багдад, кој се користел за лекување на пациенти со кОВИД-19.
Небрежноста е причина за пожарот што избувна во болницата Ибн ал-Хатиб во раните утрински часови на 25 април, а извештаите укажуваат на тоа дека експлодирала боца со кислород.

„Истрагите се во тек“, изјави шеф за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Саад Маан, за државната новинска агенција ИНА.

„Се водат технички и кривични истраги за да се утврдат околностите на инцидентот“, рече тој.

Меѓу загинатите се и најмалку 28 пациенти со ковид кои биле на респиратор, напиша на Твитер Али ал-Бајати, портпарол на независната Комисија за човекови права во земјата. Премиерот Мустафа ал-Кадем рече дека луѓето загинале како резултат на невнимание и дека ако не се стои ништо утре ќе има и други жртви. Ирачката влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите во пожарот.