Сончево и потопло време, со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 13 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло. Дневната температура ќе достигне до 20 степени.