Кризен состанок на лидерите на АСЕАН со лидерите на бурманската хунта

Протести во Бурма против воениот удар

Лидерите на земјите од Југоисточна Азија го почнаа итниот состанок во Џакарта со воените лидерите на неодамнешниот воен удар во Бурма, во обид да се заложат за окончување на насилното задушување на продемократските демонстранти.

Не се очекуваше голем напредок на планираниот двочасовен состанок меѓу шефовите на шест држави и тројца министри за надворешни работи од Асоцијацијата на држави од југоисточна Азија (АСЕАН) со генералот Мин Аунг Хлаинг од Бурма.

Лидерите на Тајланд, Филипини и Лаос го прескокнаа овој самит на АСЕАН, прв оваа година, за да се справуваат со домашните кризи.

Локалните набљудувачи велат дека во задушувањето на продемократските протести во Бурма биле убиени над 700 луѓе, а илјадници се уапсени.
Илјадници полицајци го обезбедуваат главниот град на Индонезија каде што се одржува Самитот.

Минатиот месец, пратеникот на ОН за Бурма го извести Советот за безбедност на ОН дека Бурма е на работ на потоне.

Организацијата за човекови права Амнести интернејшнал побара од Индинезија и од другите членки на АСЕАН да ги истражат „кредибилните наводи за злосторства против човештвото“ од страна на Мин Аунг Хлаинг, по воениот удар од 1 февруари со кој беше ставен крај на еднодецениската поделба на власта со цивилните лидери.

Претходно овој месец, бурманските воени власти најавија нови обвиненија против соборената 75-годишна лидерка Аунг Сан Су Чи чија партија кон крајот на минатата година убедливо победи на изборите.