Министрите за европски прашања денеска и за проширувањето

Прашањето за проширување и процесот на стабилизација и асоцијација ќе бидат на агендата на неформалната видео конференција на министрите за европски прашања на ЕУ, што ќе се одржи денеска, објави Советот на ЕУ. Претседателството на ЕУ накратко ќе ја претстави моменталната состојба во врска со проширувањето на ЕУ и Процесот за стабилизација и асоцијација, како и да ги изнесе своите амбиции во оваа област за следните месеци.

Димитров во Берлин: Да се разграничат условите за преговори и нерационалните барања


Теми на конференцијата ќе бидат и односите меѓу Британија и ЕУ, координација околу „ковид-19“, Конференцијата за иднината на Европа, годишниот дијалог за владеењето на правото и други. Со состанокот ќе претседава Ана Паула Закаријас, министер за европски прашања на Португалија, која во моментов е претседател на ЕУ.