Времето денеска: променливо облачно

Ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневната температура ќе биде од 5 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 15 степени.