Блинкен: САД ќе спречуваат напади од Авганистан и по повлекувањето на трупите

Ентони Блинкен

САД ќе задржат средства за да спречат терористички напад што би започнал од територијата на Авганистан, и покрај повлекувањето на своите трупи до 11 септември, изјави шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен. „Ќе имаме средства да спречиме терористички закани од Авганистан. Ќе можеме да го видиме во реално време и да дејствуваме“, рече тој.

Бајден: Вашингтон ја исполни целта - Авганистан веќе не се користи за напад врз Америка

Американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека повлекувањето на американските трупи ќе биде завршено до 11 септември на 20-годишнината од терористичките напади врз Соединетите држави. Авганистан тогаш служеше како позадина за Ал Каеда да започне напади на американска територија. Блинкен рече дека САД ќе се заштитат од можното повторно појавување на терористичката организација Ал Каеда во Авганистан.