Од политичари до диви животни

РУСИЈА - Русија ги предупреди САД да ги држат воените бродови подалеку од Крим за нивно добро, нарекувајќи го нивното распоредување во Црното Море провокација наменета за тестирање на нервите на Русија, пренесува Ројтерс. Претходно Вашингтон побара Русија да не се однесува агресивно кон Украина.

АВГАНИСТАН / САД - Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека ќе ги повлече сите американски трупи од Авганистан до 20-годишнината од нападите на 11 септември 2001 година, изјавија извори за Вашингтон пост и Ројтерс. Со одлуката, која Бајден се очекува да ја објави утре, ќе се стави крај на најдолгата војна на САД.

САД - Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја потврди непоколебливата поддршка на САД за територијалниот интегритет на Украина, која се соочува со агресија од Русија на денешниот состанок со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

ЕУ - Џонсон и Џонсон соопшти дека ќе ја одложи испораката на вакцините против ковид-19 во Европа. Според соопштението, компанијата ги разгледува случаите на исклучително ретки згрутчување на крвта кај луѓето откако ја примиле вакцината.

ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација (СЗО), поддржана од клучни партнери, издаде ново упатство во кое се вели дека животните - особено дивите животни - се извор на повеќе од 70 проценти од сите појавни заразни болести кај луѓето, од кои многу се предизвикани од нови вируси.

МАКЕДОНИЈА - Судот денеска ги прогласи за виновни поранешниот директор на Управата за безбедност и контра-разузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и поранешните високи функционери во УБК, Тони Јакимовски, Небојша Стајковиќ и Горан Грујевски за злоупотреба на службена положба и помагање во судскиот случај Трезор. Мијалков доби 8 години затворска казна нови 30 дена притвор.

БУГАРИЈА - Бугарскиот претседател, Румен Радев, го потпиша указот за свикување на првото заседание на новото 45-то Национално собрание на Бугарија, на 15 април 2021 година, соопшти прес-службата на шефот на државата, јави дописникот на МИА од Софија.

ИРАН / РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Москва очекува иранскиот нуклеарен договор да преживее и ги осудува санкциите на Европската унија (ЕУ) против Иран, додавајќи дека тие можат да ги поткопаат чувствителните преговори.

ЈАПОНИЈА - Јапонија реши да испушти третирана радиоактивна вода од оштетената нуклеарна централа Фукушима во океанот, и покрај противењето на локалното население, еколошките групи и соседните земји.

КОСОВО - Во новиот шестмесечен извештај за работата на мисијата на ОН на Косово (УНМИК), кој утре е на дневен ред седницата на Советот за безбедност на ОН, генералниот секретар Антонио Гутереш оценува дека трајниот мир, стабилноста и социо-економскиот развој на Косово и регионот зависат од одржливиот напредок во дијалогот насочен кон нормализирање на односите на Приштина со Белград.

ГЕРМАНИЈА - Владата на германската канцеларка Ангела Меркел, како што е најавено, од денеска планира да ги заостри прописите против ковид-19 со цел да се воведе заклучување низ целата земја.